CBедоштво: Русите биле многу блиску до aтeнтат на Зеленски во бункерот каде престојувал, самиот тој pacкажува за случајот

 Breaking News

CBедоштво: Русите биле многу блиску до aтeнтат на Зеленски во бункерот каде престојувал, самиот тој pacкажува за случајот

CBедоштво: Русите биле многу блиску до aтeнтат на Зеленски во бункерот каде престојувал, самиот тој pacкажува за случајот
April 30
23:24 2022

Володимир Зеленски, Украинскиот претседател, pacкажа како руските сили дошле блиску до негово заробување или атентат во раните часови на инвазијата, пишува Гардијан.

Зеленски беше широко пофален за неговиот одговор на инвазијата во 65-тиот ден откако првите руски трупи влегоа во Украина.

Тој се обрати пред Конгресот на САД, Светската банка и Греми наградите, а многу западните лидери сакаат да бидат видени во неговото друштво.

Но, неговото време како лидер на земја под напад од многу помоќен сосед можеше да заврши за неколку часа по почетокот на инвазијата, вели тој во интервјуто за списанието Тајм.

Зборувајќи со новинарот Симон Шустер, кој помина две недели во претседателскиот комплекс во Киев, Зеленски опиша како руските трупи дошле блиску да го пронајдат него и неговото семејство додека се обидувале да ја заземат владината област во главниот град на првиот ден од конфликтот.

Додека многу од неговите сеќавања од тие први неколку часа останаа „фрагментирани“, Зеленски рече дека зората на 24 февруари се издвојува.

По почетокот на бомбардирањето, тој и неговата сопруга Олена Зеленска отишле да им кажат на ќерката (17) и на синот (9) да се подготват да го напуштат својот дом.

Ги разбудивме“, изјави Зеленски за Тајм. „Беше гласно.

Слушнавме експлозии“. Украинската војска му кажа на Зеленски дека руски платеници паднале со падобран во Киев за да го уб јат или заробат него и неговото семејство.

Пред таа ноќ, такви работи имавме видено само во филмовите“, изјави за списанието Андриј Јермак, неговиот шеф на кабинет.

Престрелки избувнаа околу квартот на владата додека ноќта падна на првиот ден од војната, напиша Шустер.

Стражарите внатре во комплексот ги затворија светлата и донесоа панцири и автомати за Зеленски и околу десетина негови помошници“.

Еден од ретките функционери кои знаеле да го користат оружјето бил Олексиј Арестович, ветеран на воената разузнавачка служба на Украина.

Тоа беше апсолутна лудница“, изјави Арестович за Тајм.

Според Шустер, руските војници направиле два обиди да упаднат во комплексот додека семејството на Зеленски се уште било внатре.

Следната ноќ, откако ги одби понудите за посигурно опкружување – вклучително и евакуација од американските и британските сили што ќе му овозможи да формира влада во егзил – Зеленски излезе надвор во дворот за да сними веќе позната видео-порака на својот телефон.

Во тој момент Зеленски рече дека станал навистина свесен за неговата улога во војната.

Разбирате дека тие гледаат“, рече тој за списанието.

Ти си симбол. Треба да се однесувате како што мора да постапи шефот на државата. ИзворСлободенпечат.

Related Articles