„Бомба“ од Тирана, Талат Џафери договарал заеднички граничен премин со Албанија

 Breaking News

„Бомба“ од Тирана, Талат Џафери договарал заеднички граничен премин со Албанија

„Бомба“ од Тирана, Талат Џафери договарал заеднички граничен премин со Албанија
December 24
12:32 2017

Иако ниту неговиот кабинет ниту било кој друг медиум пренесе таква информација спикерот на македонскиот парламент Талат Џафери за време на својата посета на Албанија со своите домаќини разговарал за заедничко менаџирање на граничен премин и заедничко раководење со царински служби, јавува Експрес.

Веста ја пренесуваат кинески медиуми кои што ја следеле посетата на Џафери на Тирана. Според нив заедничкото менаџирање на граничните премини како извесна ситуација било разговарално на средбата на спикерот Џафери со неговиот колега, спикерот на албанскиот колега Грамос Ручи.

На оваа тема било разговарано и на прес конференцијата но ниту еден македонски медиум не го пренесе овој дел од изјавите.

Според кинеската државна агенција Ксингхуа двајцата спикери на прес конференцијата рекле дека „Албанија и Македонија заедно ќе ги раководат граничните и царинските испостави на граничниот премин Ќафасан“.

„Ваквите чекори треба дополнително да ја засилат соработката меѓу двете земји“, изјавиле Џафери и Ручи во Тирана, но и оваа изјава не е пренесена во Македонија.

Заедничкото менаџирање односно поврзување на граничните испостави каде што се врши контрола на премин на луѓе и стока не е споменато ниту во официјалното известување за јавноста на веб страната на Собранието на Република Македонија.

 

 

Во него се споменуваат низа други прашања за кои станало збор во Тирана но и и за спојување на двата гранични премини на Ќафасан.

Ова прашање не е опфатено ниту во извештајот од средбата на најгледаната и највлијателната македонска телевизија на албански јазик Алсат – М, која што објавува видео од средбата.

Заедничко менаџирање на граничните премини од две соседни земји не е непозната работа дури и на Балканот каде што такви договори кои што ефикасно се спроведуваат во практика имаат потпишано Хрватска и Босна и Херцеговина на Јадранската магистрала.

Од таму е нејасно зошто и кабинетот на Џафери и македонските медиуми се обидоа да ги скријат разговорите за оваа тема.

Најверојатно причините оваа информација да не се потенцира е во стравот дека македонската јавност ваквите разговори може да ги доживее како обид за спроведување на Тиранската платформа и стравот дека македонските Албанци ќе се обидат да ја помогнат идејата за голема Албанија со намалување на административните пречки за комуникација меѓу Албанците од двете страни на границата, пишува Експрес.

Related Articles