БЕЛАТА КУЌА НАЈАВУВА ВОЈНА: “Тие развиваат хемиско оружје, Америка мора да изврши превентивен напад”
February 01
23:06
2018
Претседателот на САД, Доналд Трамп, подготвен е да нареди нова воена акција против Сириската арапска армија (САА), како би превенирал евентуални напади со хемиско оружје, пренесува Ројтерс.
– Го задржуваме правото на користење воена сила како би се спречило користење на хемиско оружје, навел изворот од Белата куќа, пренесува британската агенција.
Со тоа САД ја обвинува САА за развивање на нов вид хемиско оружје и тврдат дека сириските сили, во помал обем, го користеле и по инцидентот во Кан Шејкун на 4 април 2017 година.
Америка ги обвинува властите во Дамаск дека го сокриле хемиското оружје кое наводно беше уништено под руско-американскиот договор од 2014 година.