Барање за издавање на изводи од матичната книга на родени по електронски пат

 Breaking News

Барање за издавање на изводи од матичната книга на родени по електронски пат

Барање за издавање на изводи од матичната книга на родени по електронски пат
August 31
16:33 2017

Од денеска граѓаните ќе може да поднесуваат барање за издавање изводи од матичната книга на родени по електронски пат, информира Управата за водење на матичните книги.

Барањето за извод од матичната книга на родени може да се поднесе по електронски пат на e-portal.uvmk.gov.mk, при што граѓаните соодветно избираат во кое матично подрачје да го подигнат, се вели во соопштението. По поднесување на апликација за извод, се добива соодвена нотификација на е-маил адресата која е оставена за контакт, кога изводот може да се подигне од шалтерите на Управата. 

Граѓаните може да аплицираат за издавање на извод на родените на обичен, интернационален или двојазичен образец.

Од Управата за водење на матичните книги напоменуваат дека барање за издавање на изводи мора да се поднесе лично и изводот на шатерите ќе мора да се подигне лично со покажување на документ за лична идентификација.

Управа за водење на матични книги, исто така, најавува дека до крајот на годината преку овој портал ќе биде возможно да се аплицира и за изводи од матична книга на венчани и матична книга на умрени и документите граѓаните да ги добиваат на  домашна адреса. 

Related Articles