Американската амбасада запраша на Твитер, а руската амбасада и одговори што е спасот од загадувањето во Македонија (ФОТО)

 Breaking News

December 15
06:01 2017

Американската амбасада се огласи на социјалната мрежа „Твитер“ по повод високото ниво на загадување што денеска беше измерено во главниот град.

„Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ напишаа од Амбасадата на САД на „Твитер“.

После неколку часови од прашањето што го постави Американската амбасада во Скопје, следуваше одговор од Руската амбасада во Македонија и тоа на Твитер:

Дали и денеска ќе имаат ТВИТЕР ДИСКУСИЈА амбасадите на Америка и Русија во Македонија, останува да видиме до крајот на денот.

И утрово загадувањето е високо во речиси сите населби.

Концентрацијата на штетните ПМ 10-честичките во одделни скопски општини е 6 пати над дозволениот праг од 50 мигрограми на кубен метар воздух.

Мерните станици покажуваат дека највисока загаденост има регистрирано кај Ректоратот со 610 микрограми ПМ-честитчки на кубен метар.

Потоа следува Карпош со 563 микгрограми ПМ-10 честички на кубен метар, па Гази Баба со 562 и Лисиче со 455 микгрограми ПМ 10-честички на кубен метар.

Скопје вчера беше најзагаден град во светот.

Related Articles