Американец со рачно изработена ракета ќе се лансира во орбитата за да докаже дека Земјата е рамна

 Breaking News

Американец со рачно изработена ракета ќе се лансира во орбитата за да докаже дека Земјата е рамна

Американец со рачно изработена ракета ќе се лансира во орбитата за да докаже дека Земјата е рамна
February 11
21:22 2018

Американецот Марк Хјуз, кој верува дека Земјата е рамна планира да се лансира во орбитата за да го докаже неговото тврдење. Тој ќе полета со неговата домашно направена ракета, специјално изработена за оваа намена.

„Лудиот“ Марк Хјуз, како што се нарекува самиот, ќе проба да се лансира во орбитата со неговата рачно направена ракета. Местото на лансирање ќе биде на неговиот приватен имот.

Тој и претходно проба да го направи тоа, за да докаже дека Земјата е рамна, но неговиот обид беше оневозможен од федералната влада бидејќи Хјуз проба да се лансира од државно земјиште, за што не му беше дадена дозвола. Марк Хјуз ќе се лансира себеси право нагоре, до висина од половина километар, за да докаже на луѓето кои изгубиле верба во него дека тој навистина е сериозен да докаже дека Земјата е рамна.

„Целава работа со Рамна Земја ги полудува луѓето. Што и да направам, тие ме измеваат или го минимизираат мојот напор“, рече Марк Хјуз за Washington Post.

Лансирањето ќе може да се гледа на веб-страницата Noize TV, каде Хјуз ќе наплаќа 5 долари од секој кој ќе сака да го гледа неговиот обид за лет. Но, тој не дозволува никој да дојде да го гледа во живо, и се закани дека секој дрон кој ќе го надлетува неговиот имот ќе биде застрелан.

Related Articles