6 најскандалозни љубовни афери кои целосно ја одбележаа историјата!

 Breaking News

6 најскандалозни љубовни афери кои целосно ја одбележаа историјата!

6 најскандалозни љубовни афери кои целосно ја одбележаа историјата!
November 30
18:45 2017

Голема љубов ги одбележа овие гиганти, а нивната страст исто така креираше толку колку што уништуваше пред нив.

Историјата има многу големи љубовни приказни, но некои влијае на случување на другите. За многу историски љубовни приказни се снимани и филмови и пишувани романи. Некои приказни биле како од бајка додека имало и многу измами.

Во продолжение следуваат 6 афери кои ја одбележаа историјата.

1. Мери Вулстокрафт Годвин и Перси Биш Сели

Една од најважните историски врски започнала во 1814-та година кога се запознале 16-годишната Мери и 21-годишниот, оженет, Перси Сели. Се запознале на гробот на мајката на Мери, а тоа било „љубов на прв поглед“ поради која Мери останала трудна, а Перси заминал од сопругата.
Тие во 1818-та година ја напуштиле Англија и заминале во Италија, каде што нивното второ и трето дете умираат, а веднаш потоа Мери го раѓа своето последно и единствено преживеано дете, Перси Флоренс.

1. Лорд Бајрон и Августина Леи

Едно од најголемите имиња во историјата е Џорџ Гордон Бајрон, а со голем успех имаше и љубовни афери од кои посебно се издвојува таа со својата полусестра, помладата и тогаш мажена, Августина Леи.
Бајрон се има женето повеќе пати, а секој брак завршувал со катастрофа. Со неговите љубовни афери се поврзува и неговата гувернанта со која Бајрон го имал првиот однос, на само 9 години. Меј Греј од Шкотска, во текот на 3-годишната служба кај Бајронови, ја искористила секоја шанса да го однесе младиот Бајрон во креветот.

3. Катерина 2 Велика и Григориј Александровиќ Потемкин

Како и секоја ваква голема царица и Катерина имала советник, воен стратег, сродна душа и дечко за забава, а во случајот на Григориј, тој бил способен за сите овие улоги. Катарина го запознала кога помладиот заповедник и помогнал да го симне од престолот својот разочарувачки сопруг цар Петар 3-ти во 1862-та година.

4. Чарлс Дикенс и Нели Тернан

До 1857-та година, 45-годишниот новелист бил на врвот на моќта и наводно примерен сопруг и татко на 9 деца. Потоа започнал врска со Елен Нели Тернан, талентирана млада актерка која ја вработил, а била само 1 година постара од неговата 17-годишна ќерка.

5. Хенри 8-ми и Ен Болен

Овој историски пар, познат во многу филмови, книги и серии, секогаш го привлекувал вниманието на јавноста, иако деталите околу нивната врска до денес останале непознати. По се изгледа дека и покрај годините додворување, сексуална врска Ен и Хенри навистина започнала кога тие се венчале.

6. Елизабет Тејлор и Ричард Бартон

Како да сакала судбината овој познат пар да го запознае додека глумеле друг познат пар во филмот „Клеопатра“ во 1963-та година. И двајцата за тоа време биле во брак, но меѓу нив се разгорела искра уште од првата средба и било јасно дека ќе започнат неверојатна афера.

Related Articles