Од министерство за здравство: 23 нови случаи на коронавирус во земјава, ова се градовите

 Breaking News

Од министерство за здравство: 23 нови случаи на коронавирус во земјава, ова се градовите

Од министерство за здравство: 23 нови случаи на коронавирус во земјава, ова се градовите
April 30
17:07 2020

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар -1.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1465, бројката на оздравени пациенти е 738, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 498
Куманово – 389
Дебар – 51
Штип-34

Прилеп –150
Тетово – 82
Струга – 66
Велес – 71

Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17

Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4

Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2

Неготино -9
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2

Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2

Направените 386 теста се преку: ИЈЗ –287, Ветеринарен ф-тет -11 , Авицена –14, Биотек –20, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода -21 и МАНУ -10 . Досега во земјата се направени вкупно 16436 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 5 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на ковид-19.

Related Articles