Што ако келнерот пред да ми ја даде сметката ја скенира и ја постави на апликацијата за поврат на ддв

 Breaking News

Што ако келнерот пред да ми ја даде сметката ја скенира и ја постави на апликацијата за поврат на ддв

Што ако келнерот пред да ми ја даде сметката ја скенира и ја постави на апликацијата за поврат на ддв
June 24
21:36 2019

Владата од 1. Јули оваа година, ја воведува апликацијата за скенирање на фискални сметки, за поврат на одреден процент од ДДВ кај граѓаните. Првично најавата беше дека секое семејство во просек годишно ќе добие по петстотини евра. Сега, кога мерката стартува, образложението е дека максималниот годишен износ кој ќе може да се поврати е околу 28 илјади денари.

Пред неколку дена, директорката на УЈП, Сања Лукаревска гостуваше на 1ТВ, каде ја бранеше и образложуваше новата мерка. Прашањата од граѓаните беа зошто во овој пакет не влегуваат комуналните сметки, а одговорот на Лукаревска беше дека плаќањето на комуналиите се врши преку фактури, а оваа мерка е за фискални сметки.

Граѓанин се јави и праша интересно прашање: Што во случај ако келнерот во кафана, пред да ми ја даде фискалната, ја скенира и така си ја стави на својата апликација за поврат?

На ова директорката одговори дека апликацијата ќе ви покаже дека вашата сметка е веќе скенирана. Па така, испаѓа дека ако во истиот момент не ја направите процедурата, после веќе може да биде доцна, односно, при вакви случаи граѓаните можеби ќе доаѓаат во судир со персоналот во кафетериите, нешто што очигледно не е баш добро обмислено.

Related Articles