Цените одат надолу, а ќе одат уште, ова се новите цени на дизелот и бензинот во Македонија

 Breaking News

Цените одат надолу, а ќе одат уште, ова се новите цени на дизелот и бензинот во Македонија

Цените одат надолу, а ќе одат уште, ова се новите цени на дизелот и бензинот во Македонија
March 16
13:58 2020

Не само кај нас туку и на светско ниво, цените на горивата идат надолу. Кај нас имаме рекордно намалување на цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ.

Од утре т.е. од полниќ, бензините ќе се намалат за седум и пол денари, а дизелот за шест денари за литар.

Намалувањето е резултат на драстичниот пад на цената на суровата нафта на светските берзи поради новонастаната ситуација со коронавирусот.

Од РКЕ велат: Со оваа одлука покажавме дека нашата методологија функционира и во пракса и е целосно ориентирана кон потрошувачите. Цената на безините 95 и 98 се намалуваат за 7,5 денари, а на дизелот за шест денари.

Ова е пониско од рекордното намалување есента 2008 година кога цената на бензините се намали за седум денари, а на дизелот за 5,5 денари, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, додавајќи дека цената на бензините и на дизелот е пониска во однос на државите од регионот.

Бислимоски порача дека електроенергетскиот систем, системот за топлинска енергија и снабдувањето со вода се одвива непречено и оти нема никакви проблеми.

Регулаторната комисија за енергетика, како што истакна, ќе работи со дежурства и сите контакти со граѓаните ќе се одвиваат по електронски пат.

Архивата на РКЕ ќе биде затворена, а граѓаните ќе можат дописите да ги доставуваат на соодветно обезбедено место или се препорачува тоа да го прават преку пошта.

Mалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ќе изнесуваат 54,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 56,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 6,00 денари/литар и од вечерва на полноќ малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 48,50 ден/лит

додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961 ден/кг и ќе изнесува 21,934 ден/кг.

Related Articles