ФОТО: Се пофалија од Владата, на премиерот Заев во Берлин му беше врачена престижната награда за човекови права за 2020 година

Влада.мк: На премиерот Заев во Берлин му беше врачена престижната награда за човекови права за 2020 година.
На церемонијата организирана во негова чест од страна на фондацијата „Фридрих Еберт“ говореа голем број на европски политичари, кои истакнаа дека премиерот Заев покажа храброст и лидерство со кои се промени судбината на Северна Македонија и судбината на Западен Балкан и тој пат треба да го следат лидерите на Европа.


Претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Курт Бек истакна дека тоа што премиерот Заев го направи за Северна Македонија и Европа е од исклучително значење, бидејќи неговиот придонес за човековите права, особено преку концептот „Едно општество за сите“, е придонес за вредностите на Европската Унија.


Премиерот Заев наградата ја посвети на сите генерации кои ја градеа и градат државата, а паричниот износ од наградата за човекови права ќе го донира во солидарниот здравствен фонд на Северна Македонија за борба со KOBИД-19.
