ФОТО: Премиерот Заев ги објави новите мерки, сите ќе мора да ги почитуваат до 20 април

 Breaking News

ФОТО: Премиерот Заев ги објави новите мерки, сите ќе мора да ги почитуваат до 20 април

ФОТО: Премиерот Заев ги објави новите мерки, сите ќе мора да ги почитуваат до 20 април
April 05
18:44 2021

На денешната седница на Владата донесовме одлука за дополнителни рестриктивни и превентивни мерки со единствена цел – заштитата на јавното здравје и заштита на сите граѓани.

Од 6 до 20 април 2021, заб рана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Северна Македонија, од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Од 7 до 20 април 2021, целосна заб рана за посетители/гости во сите угостителски објекти – кафетерии, ресторани, барови, клубови, како и во делот за исхрана во угостителски објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион или на бензински станици. Оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да вршат достава или да овозможат подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (штанд/пулт).

Од 7 до 20 април 2021, целосна заб рана за посетители/гости во сите об ожувалници. Работата на обложу валниц ите да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга (шалтер/штанд/пулт), односно угостителскиот дел во обло увалниците, како и во ка ин ата, да биде затворен за посетители.

Од 6 до 20 април 2021, целосна забр ана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање.

Од 6 до 20 април 2021, се заб ранува организирање, одржување и присуство, учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков вид.

Граѓаните, кои извршиле имунизација/вакцинација во центрите за вакцини, за временскиот период непосредно пред започнувањето на забр аната и посебниот режим на движење, им се дозволува враќање до своите живеалишта, престојувалишта, врз основа на потврда за извршена вакцинација.

На земјоделците им се овозможува движење врз основа на дозволите од подрачните единици и општинските кризни штабови до пазарите и назад од пазарите, до нивите и слично.

За време на забра ната на движење, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче) да може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22:00 часот до 23:00, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

Related Articles