ФОТО: Еве што се случува во Бугарија, граѓаните бараат оставка од премиерот веднаш

September 02
20:11
2020
Многу бугарски граѓани собрани пред бугарскиот парламент протестираат барајќи оставка од бугарскиот премиер Бојко Борисов и главниот обвинител на таа земја Иван Гешев.

Граѓаните со јајца и јаболки фрлаат по полицајците кои го штитат бугарскиот парламент, а на улиците е изнесена и жандармеријата.



Полицијата се наоѓа на сите булевари кои водат до зградата на бугарскиот парламент, во кој се одржува седница.

Бугарските медиуми пишуваат дека ескал ацијата почнала кога демонст рантите употребиле си ла против полициските возила.

Полицијата се обидува да спречи демонстр антите да го блокираат парламентот, а се очекува во престолнината Софија да пристигнат луѓе од целата земја.


