ФОТО: Еве како се чисти снег во Северна Македонија

 Breaking News

ФОТО: Еве како се чисти снег во Северна Македонија

ФОТО: Еве како се чисти снег во Северна Македонија
February 13
21:21 2021

Пред неколку часови, со наслов: Тетовска зимска служба, на фејсбук страницата Сеир се појави видео, каде вработен во службите за чистење снег, со малечко лопатче, сместен во задниот дел на камиончето, сипи камен и сол по патот.

Во видеото кое што како што пишува, се случува по тетовските улици во градот Тетово, вработениот добро облечен и со капа, сипи сол по улиците со цел да го стопи снегот.

Ефикасноста дали е голема или мала од ваквиот начин на чистење снег, сеуште не се знае.

Времето денеска според УХМР беше облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во текот на ноќта, особено во југозападните и западните делови.

До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, во источните делови до 10 см, а на запад во пониските подрачја меѓу 20 и 30 см.

На планините на северозапад постоечката снежна покривка ќе се зголеми за нови 20 до 30 см снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -7 до -1 степен.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје:

Облачно, студено и ветровито, од пладне со врнежи од снег, кои ќе продолжат и преку ноќта кога ќе се интензивираат.

До крајот на денот ќе се формира снежна покривка.

Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Т = -2 °C, P = 992 hPa, U = 86 %, V = 8 m/s.

Related Articles