ФОТО: Дани објави фотографии од синот матурант – Љубовта ми се вика син

 Breaking News

ФОТО: Дани објави фотографии од синот матурант – Љубовта ми се вика син

ФОТО: Дани објави фотографии од синот матурант – Љубовта ми се вика син
May 26
08:40 2019

Синот на пејачката Дани Димитровска стана матурант. Лазар има 18 години и го завршува средното образование во гимназијата „Орце Николов“. Гордата мајка објави неколку фотографии на Инстаграм од својот син матурант. „Кога ја пеам ‘Свети’ на него мислам. А Бог’ме ми свети посјајно и од сонцето…во срцево. Еден пат што се вика задолжително школство го изгази. Посебна џева околу тоа не кревам. Следуваат поголеми и пошироки патишта… Да се вивне во небото посакувам. Да си ги достигне своите врвови и да трага по себе. Љубовта ми се вика син. Горделива не сум, но сум стопена од среќа дека баш јас го родив“, напиша Дани на Инстаграм под фотографијата на која е нејзиниот матурант Лазе.

Related Articles