ФОТО: Балканскиот рис фотографиран во Националниот парк Галичица

 Breaking News

ФОТО: Балканскиот рис фотографиран во Националниот парк Галичица

ФОТО: Балканскиот рис фотографиран во Националниот парк Галичица
October 19
21:25 2020

По пауза од неколку децении, повторно е евидентирано присуството на балканскиот рис во Национален парк „Галичица“.

Една единка беше „заловена“ од фотозамки, покрај оградата на Репродуктивниот центар за елени на НП „Галичица“.

Се надеваме дека оваа голема мачка ќе си го најде својот дом на оваа планина, а ние ќе продолжиме со нашите напори да го зачуваме неговото живеалиште. – Пишуваат од националниот парк на својата фејсбук страница, каде објавија и фотографии:

Во националниот парк Галицица, ова лето беа фотографирани и Елени, фото во продолжение:

Национален парк Галичица — национален парк во Македонија од 1958 година.

Овој парк опфаќа делови од планинкиот масив Галичица, со крајбрежните простори на Охридското и Преспанското Езеро.

Површината која тој ја зафаќа изнесува 22.750 ха. Планината Галичица се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија.

Таа е всушност хорст кој се издига помеѓу Охридската и Преспанската Котлина.

Ваквата форма на планината Галичица и нејзината положба помеѓу двете најголеми езера во земјата претставува посебна вредност.

Таа е маркантна во географската средина со својата импознантна големина.

Највисокиот врв Магаро се наоѓа на надморска височина од 2.254 метри.

Related Articles