Филипче: Полицискиот час да започнува секој работен ден во 19:00 часот, наместо во 16:00 часот, како што тоа беше досега

 Breaking News

Филипче: Полицискиот час да започнува секој работен ден во 19:00 часот, наместо во 16:00 часот, како што тоа беше досега

Филипче: Полицискиот час да започнува секој работен ден во 19:00 часот, наместо во 16:00 часот, како што тоа беше досега
April 21
16:11 2020

Министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил напиша: Комисијата за заразни болести до Владата ќе ги достави следните предлог измени во однос на времетрањето на полицискиот час и носењето на заштитна опрема на граѓаните.

Полицискиот час да започнува секој работен ден во 19:00 часот, наместо во 16:00 часот, како што тоа беше досега.

За возрасните граѓани да продолжи времето на движење, од 08:00 до 12 часот, наместо од 10:00 до 12:00 часот.

Продолжување на периодот во којшто се движат и младите до 18 години, во периодот од 13:00 до 16:00 часот.

Полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и да почнува во сабота во 13:00 часот и да заврши во понеделник во 05:00 часот наутро.

Да остане целосно исто како и досега забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите.

Граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема на лицето при движење во затворени објекти и на отворено. Заштитна опрема на затворено треба да се носи при движење во сите јавни места од затворен тип, како маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи. Сите затворени објекти во коишто има повеќе лица.

Во однос на отворените површини заштитна опрема мора да се носи на места каде што нема простор за дистанца од 2 метри. Задолжително заштитна опрема се носи на пазарите.

Исклучок за носење на заштитна опрема на отворено се прави само ако

1) лицето носи заштитна опрема на работа, која е пропишана со работното место како во погони, фабрики, производство

2) ако лицето престојува во двор на станбена семејна куќа

3) вози велосипед или спортува на отворено, но ја држи потребната дистанца од 2 метри и не го прави тоа во група согласно постоечките рестрикции

4) при возење на патничко моторно возило со лица со коишто лицето живее во заедница или домаќинство.

5) При движење на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку 2 метри од другото лице коешто е во непосредна близина.

Денеска од Министерството за здравство информираа дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во:

Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.

Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.

Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1231 , а последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 411
Куманово – 340
Дебар – 51
Штип-34

Прилеп –117
Тетово – 60
Струга – 55
Велес – 59

Битола –17
Охрид –15
Кавадарци – 4
Гостивар –13

Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4

Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2

Неготино -2
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Преку ИЈЗ –201, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –6 и Систина со PCR метода -0. Досега во земјата се направени вкупно 12340 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација.

Во ГОБ 8 септември се хоспитализирани 45 пациенти. Со по тешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.

Related Articles