Филипче: Отворање на теретаните и фитнес-центрите кон крајот на оваа недела

 Breaking News

Филипче: Отворање на теретаните и фитнес-центрите кон крајот на оваа недела

Филипче: Отворање на теретаните и фитнес-центрите кон крајот на оваа недела
June 22
19:03 2020

Утрово на состанокот на Комисијата се разговараше за дополнително попуштање на мерките, пред сѐ на мерките коишто сега значат забрана за работа на повеќе економски оператори.

Донесена е одлука да се предложи на Владата да се отворат според строгите протоколи, казината, автомат-клубовите, и апаратите во обложувалниците.

Понатаму, да профункционира јавниот превоз во Тетово, и кон крајот на оваа недела и отворање на теретаните и фитнес-центрите, но согласно веќе утврдените протоколи коишто за сите овие претходно наведени оператори Комисијата ги работеше заедно со претставниците на нивните здруженија.

За отворањето на границите и условите под кои тоа ќе функционира, министерот Филипче образложи дека дополнително ќе биде разговарано во текот на денешниот и утрешниот ден, по што јавноста ќе биде информирана.

Епидемијата е се уште во полн ек, состојбата во регионот укажува дека практично во сите земји има пораст на случаите.

Ова повторно не води до заклучок дека вирусот е тука, ќе мора да продолжиме да живееме со него и да се навикнеме на правилата за лична заштита и по тие правила ќе се функционира веројатно долг период, не само оваа година, туку и следната.

Ние четири месеци сме во борба со коронавирусот, направивме многу да одговориме на овој светски здравствен предизвик, тоа ќе го правиме и понатаму.

Кога се појави првиот случај на зар азен, во земјава имаше малку болнички места предвидени за ваков тип пациенти којшто го надополнивме со целокупната активност која ја спроведовме во изминатиот период.

Опрема има сосем доволно, здравствените работници се целосно мобилизирани и практично деноноќно и непрекинато работат од првиот ден на кризата.

Здравствените работници направија и прават се што можат најдобро да го заштитат населението, не смееме да дозволиме со непочитување на мерките да го деградираме трудот на сите кои деноноќно се во првите борбени линии.

Сметам дека е важно сите општествени чинители активно да се вклучат во пренесување на вистинската информација, а тоа е додека вирусот е тука меѓу нас, мерките кои се воведени мора да се почитуваат.

Со почитување на мерките, маска, дистанца, дезинфекција, се штитиме самите себеси, и сите околу нас.

Соработката со сите лекари и епидемиолози, давањето точни информации, контакти, е клучно за да се лоцираат сите коишто се во опасност, во спротивно може да предизвикаат дополнителна опасност за околината за ширење на вирусот.

Уште повеќе економски оператори почнуваат да работат, но условот секако е тие строго да се придржуваат до донесените протоколи и препораки, затоа се изготвени тие препораки, кои досега ги почитуваат најголем дел од компаниите коишто добија дозвола да работат.

Апелирам апсолутно до сите целосно да се почитуваат овие протоколи заради тоа што така ќе се заштитат и клиентите и вработените“, изјави министерот Филипче.

Министерот Филипче упати апел до политичките партии и сите актери во изборите.

Мерките да се почитуваат без исклучок – сите партии да бидат пример со почитување на мерките и да не дозволат кампањата да биде ризик за граѓаните.

Од нив се очекува тие да дадат пример како се штити здравјето на граѓаните.

Мерките не се тешки, а се исклучително ефикасни и потврдени од многу земји во светот- да се носи заштитна опрема, да се одржува физичката дистанца, да се одржува лична хигиена и да се почитуваат протоколите за работа на економските оператори“, рече министерот Филипче.

Related Articles