Филипче објави фотографија од Весна и мајка и Убавка, тие денеска заминаа дома

 Breaking News

Филипче објави фотографија од Весна и мајка и Убавка, тие денеска заминаа дома

Филипче објави фотографија од Весна и мајка и Убавка, тие денеска заминаа дома
August 05
19:06 2020

Медицинските сестри трчаа во скафандери на 40 степени ноќта кога мајка ми се бореше со живот или сm pт. Презадоволна сум од лекарите, медицинските сестри, болничарките и хигиеничарките во ГОБ „8 Септември“. Достапни беа во секое време. Благодарност до сестра Наташа од Скопје и сестра Снежана од Битола. Таква несебична помош дадоа, немам зборови за грижата кон мене и мајка ми која има 81 година и е дијабетичар веќе 30 години. Тоа што ме мотивираше да издржам овие денови е желбата за живот, моето семејство и ќерката Мила која е во изолација 15 денови сама дома. Апелирам да носиме заштитни маски, да држиме растојание и хигиена за да се заштитиме од коронавирусот, вели Весна. Таа, денеска заедно со мајка и Убавка, заминaa дома по 20 дена хоспит ализација и лек вање од ко вид-19 во Градската општа болница „8 Септември“.

Related Articles