УЈП со апел до граѓаните кои скенираат фискални сметки преку МојДДВ, а имаат сметка од Еуростандард банка

 Breaking News

УЈП со апел до граѓаните кои скенираат фискални сметки преку МојДДВ, а имаат сметка од Еуростандард банка

УЈП со апел до граѓаните кои скенираат фискални сметки преку МојДДВ, а имаат сметка од Еуростандард банка
August 14
09:34 2020

За сите граѓани кои скенираат фискални сметки преку МојДДВ: Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.

Промената на трансакциската сметка во апликацијата МојДДВ се врши на следниот начин: Најавете се во апликацијата МојДДВ и во долниот дел од екранот одберете го прозорчето „профил“, потоа во делот трансакциска сметка внесете ја Вашата нова трансакциска сметка.

Оваа промена треба да ја потврдите со лозинка која ја користите за најава на Е-ПДД, потоа го бирате копчето „зачувај” и Вашата трансакциска сметка е сменета, објаснува УЈП.

Управата повикува оваа промена да ја направат и сите корисници на МојДДВ кои имаат внесено погрешна трансакциска сметка. Точно внесените податоци во апликацијата МојДДВ се основа за исплата на поврат на ДДВ за сите граѓани кои ја користат апликацијата и скенираат фискални сметки, стои во соопштението од УЈП.

Related Articles