Уште една вработена во градинка позитивна на коронавирусот, во понеделник ќе се знае дали ќе работи градинката

 Breaking News

September 12
20:01 2020

После случајот на коронавирусот во битолската градинка, денеска во друга градинка вработена е позитивна на коронавирусот. Како што јавува Сител, скопската градинка Раде Јовчевски Корчагин е втората детска установа каде кај вработено лице има случај на коронавирусот.

За разлика од битолскиот случај, овде нема во изолација деца бидејќи вработената која е пози тивна на 9 ти не се појавила на работното место. Последен пат на работа била на седми и според информациите што ги имаме од локалната власт, во домашна изо лација се само неколку вработени кои тој ден биле во контакт со неа.

Како што јавуваат од Сител, таа не е директно поврзана со прифаќање на деца бидејќи не работи ниту како воспитувачка ниту како негувателка.

Од Министерството за труд и социјална политика, пак, со официјално соопштение велат дека согласно препораката на епиде миолозите, доколку до утре не се пријават вработени со сим птоми, објектот може да продолжи да работи нормално од понеделник. ИзворСител.

Related Articles