УХМР со најава за град, пороен дожд, грмежи и засилен ветер

 Breaking News

УХМР со најава за град, пороен дожд, грмежи и засилен ветер

УХМР со најава за град, пороен дожд, грмежи и засилен ветер
August 11
15:58 2021

Од УХМР јавуваат дека попладнево ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град и силен ветер.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени.

УВ=8. Времето и метеоролошки параметри за Скопје:

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне и во Скопската Котлина ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

T= 36 °C, P= 979 hPa, U= 45 %, V= 4 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

Времето утре ќе е Сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ=8.

Related Articles