Утрово се огласи Филипче: Одржавме средби со родителите кои се залагаат за онлајн настава и со родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство

 Breaking News

August 27
08:35 2020

Министерот Венко Филипче утрово се огласи преку неговата фејсбук страница, тој во неговиот статус напиша:

Вчера одржавме одделни средби со родителите кои се залагаат за онлајн настава и со родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство.

Ги слушнавме нивните ставови и аргументи, и ги запознавме со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на коронавирус:

Задолжителното физичко присуство на учениците од прво до трето одделение.

Опфаќа и исклучоци за оние ученици за кои родителите ќе наведат прифатливи причини за нивните деца да биде организирана наставата со алатки за онлајн настава;

Исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното, овозможува настава со физичко присуство само во оние училишта во кои бројката на ученици по паралелка не надминува 20, каде што е можно остварување на вториот услов за физичка дистанца од 1,5 метри меѓу учениците, и со обезбедени санитарно – хигиенски услови за одржување на општа и лична хигиена наведени во Протоколите.

Related Articles