Утрово се огласија од Нарoдна банка со нови детали за Еуростандард банка

 Breaking News

Утрово се огласија од Нарoдна банка со нови детали за Еуростандард банка

Утрово се огласија од Нарoдна банка со нови детали за Еуростандард банка
August 15
07:54 2020

Почитувани, Со цел правилно информирање на јавноста во однос на датумот на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, повторно укажуваме дека дозволата е укината со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година.

Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, коешто се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“ АД Скопје, не е документ со којшто се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје.

Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл.,

за коишто „Еуростандард банка“ АД Скопје не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува. За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал.

Related Articles