Тасевски: На филм немаме видено толку пари, до сега не скенирав ниту една фискална, од сега јавно ги кинам, на каса

 Breaking News

August 10
19:45 2019

Интегрален фејсбук статус на Сашо Тасевски:

Супер обвинителката која требаше да лови тешки криминалци, во сред истрага, му вели на еден од најголемите бандити:

Се ќе биде во ред.

Овој се заблагодарува.

Радо, овде стварно нема свети крави, ама свети криминалци има да ги ринеш со лопата. И вие ги штитите.

ЕУ гледа од страна и ќути. Пошто исто фунционира на корупција.

На оној јадник портпарол Костадин, поважно му е кој ги дал снимките на Италијанот, отколку нивната содржина.

Дури и да му е дечко на Груевски или брат на Мицковски., што е важно, кога гледаме дека некој за да не оди затвор, дава мито од 1,5 милион евра.

Кеш. Остатокот до 5 милиони, на рати.

На филм немаме видено толку пари, колку што ставија во торбулето на еден психо.

Кој е овде луд? До сега не скенирав ниту една фискална. Од сега јавно ги кинам, на каса.

Related Articles