Станува интересно, Фрчкоски нема да биде амбасадор во Америка, јавува мкд.мк

 Breaking News

Станува интересно, Фрчкоски нема да биде амбасадор во Америка, јавува мкд.мк

Станува интересно, Фрчкоски нема да биде амбасадор во Америка, јавува мкд.мк
March 04
21:17 2021

Како што јавува МКД.мк, повикувајќи се на информации од високи дипломатски извори, Универзитетскиот професор и поранешен министер, Љубомир Даналилов Фрчкоски нема да биде амбасадор во САД како што претходно беше објавено.

Како што пишува медиумот, САД изразиле извесни резерви кон Фрчкоски.

За Фрчкоски минатиот месец беше дадена согласност од Владата по што почна процедурата за обезбедување на агреман и чекал одговор. Но, високи дипломатски извори потврдуваат дека согласност од Вашингтон не е добиена.

Нашите извори не откриваат детали зошто Фрчкоски е неприфатлив за Соединетите Американски Држави – дали на тоа влијаеле неговите поранешни пол итички ангажмани или е нешто друго во прашање, пишува МКД.мк.

Related Articles