Станува интересно, Рашковски 17 дена во Мексико, три години не бил на одмор, а ќе слави и роденден

March 16
22:02
2021
Поранешниот генерален секретар и советник во Владата, Драги Рашковски, по вестите дека избегал во Мексико, за Фокус потврди дека е во Мексико, но вели дека со семејството е на годишен одмор.
Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14 -ти и таму ќе бидеме до 31 овој месец.
Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува“, посочи Рашковски, пишува Тв21.
На прашање од Фокус за тоа дали побегнал, Рашковски со одговор: – „Зошто би бегал? ИзворТв21.