Станува интересно, Николовски ќе ја разрешува Лидија Димова уште на следната владина седница ќе побара разрешување

 Breaking News

Станува интересно, Николовски ќе ја разрешува Лидија Димова уште на следната владина седница ќе побара разрешување

Станува интересно, Николовски ќе ја разрешува Лидија Димова уште на следната владина седница ќе побара разрешување
October 15
21:09 2020

Николовски на тв21 за Димова вели: Kако задолжeн за спроведување на Етичкиот кодекс, и согласно моите надлежности на следната владина седница, согласно членот 22 од Етичкиот Кодекс, ќе побарам барање за оставка односно налог за разрешување од надлежниот

Управен одбор на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, изјави, Љупчо Николовски, во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

За тв21, Николовски посочи дека Димова треба да понесе морална и политичка одговорност, а надлежните институции целосно да го расчистат случајот.

Тој за Тв21 вели: Ако Димова не поднесе оставка, бидејќи тоа е работа на Управниот одбор на Националната агенција, ќе побарам нејзино разрешување.

Ние сме на почеток на преговори со ЕУ ги отвораме сите фондови, пред нас се големи предизвици и затоа законот мора да важи за сите, никој не е недопирлив.

Секако постои пресумпрција на невиност, но Етички кодекс за чиешто спроведување сум задолжен јас, а со кој се офатени членовите на Владата и избраните функционери предвидува и санкции, како и поднесување на политичка и морална одговорност.

Со ова разрешување сакаме да пратиме порака до сите дека навистина сме спремни да се бориме против корупцијата, дека немаме двојни аршини, сме добиле огромна чест и одговорност од граѓаните, која мораме да ја оправдаме“, изјави вицепремиерот Николовски.

При тоа Николовски за тв21 посочи дека дека на институциите треба да им се остави простор за да се утврди вистината и дека секој случај мора се расчисти, вклучително и случајот со Националната агенција.

Николовски потенцираше дека транспарентноста мора да функционира и сите функционери мора да се приджуваат кон принципите на Етичкиот кодекс, во кој се имплементирани и препораките од ГРЕКО. ИзворТв21.

Related Articles