Следете го Велигден во живо од Бигорски Манастир вечерва со почеток од 23:30 часот

Вечерва со почеток од 23:30 часот ќе започни видео преносот кој ќе оди во живо од Бигорскиот манастир. Пред еден ден имаше исто за Велики петок пренос во живо од Бигорскиот манастир кој достигна рекордни над 200.000 гледачи на Фејсбук.
Од добро познатите причини се откажани голем број настани кои бројат илјадници луѓе ширум светот, вклучувајќи и го Воскресението Христово (Пасха) за кое не може да се присуствува во Светите Храмови поради новонастанатата ситуација, односно пандемијата и мерките за кои треба да се придржуваме, јавуваат од Охрид Инфо.
Поради тоа, Бигорскиот Манастир во соработка со 2С Студио ќе овозможат директен пренос во живо во Петок и Сабота (Велигден) и Недела.
Преносот ќе може да го следите во живо на фејсбук страната на Бигорски Манастир, како и на Јутуб Каналот на Бигорски Манастир. Преносот ќе го пренесат и многу портали ширум Македонија и светот.