Сите ги чекаат по Нова Година: Какви сметки за струја ќе добијат граѓаните од 1 јануари

Како што пренесува Канал5, за дел од енергетските експерти, новата цена ќе се носи политички и нема да биде економски оправдана.
Професорот Константин Димитров смета дека апсурдно е да се ветува незначително поскапување –
а за некои категории и поефтинување на струјата, кога два параметри:
понудата на ЕСМ и ДДВ-то се зголемени.
Вели дека за да се амортириза ударот, државата премногу ќе се задолжи.
Ќе се преземат политички мерки, Владата дополнително ќе се задолжи, ќе пумпа пари во Електростопанство да ги покрива финансиските загуби заради разликите во цени и плус да ги покрива загубите во дистрибуција.
Нека ветат дека ќе остане истата цена ама дека нема да се задолжат и дека нема да префрлуваат пари во Електростопанство.
Е тоа би била економска мерка.“- проф. Константин Димитров.
ЕСМ на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоун понуди цена од 56 евра по мегават час електрична енергија и е 16% повисока од сегашната.
Разликата со производствената цена која изнесува 73 евра ќе се покрива со пари од буџетот.

Премиерот Ковачевски кој денеска присуствуваше на започнувањето на изградбата на 110 киловолтен далекувод во Овче Поле вреден
2,3 милиони евра вели дека се уште е рано да се утврди точната субвенција. Тој повторно увери дека ценовен шок нема да има.
Информиравме дека веќе имаме ставено во Буџетот ставка од 250 милиони евра за справување со економско-енергетската криза.
На крај кога ќе бидат финалните калкулации за капацитетот, за економијата на обем во производството на електрична енергија,
движењето на цените на суровините која што се прави на месечно ниво,
тогаш ќе можеме да кажеме и колку ќе биде финалната субвенција на државата што ќе ја даде на ЕСМ.“- Димитар Ковачевски, претседател на Влада.
Од Електрани најавија дека се разгледува можноста за корекција во блок тарифите –
за домаќинствата од првиот и вториот блок да се намали цената на струјата а најголемите трошаџии од четвртиот блок да плаќаат поскапа струја.

Она што засега е сигурно е дека по Нова година ДДВ-то на струја од 5% се враќа на 10%.. ИзворКанал5.