Се премисли или откажа: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од Деве Баир

 Breaking News

Се премисли или откажа: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од Деве Баир

Се премисли или откажа: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од Деве Баир
February 05
14:33 2023

Кај претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов,

кој нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се вика и презива еден од полицајците од граничниот премин „Деве Баир“ – ја нема објавата.

На неговиот профил на „Фејсбук“, не може да се најде статусот на кој во црвен круг беше заокружен еден од полицајците на границата.

Макфакс“ упати четири прашања до Стојанов кого го прашавме дали го дознал иде титетот на полицаецот,

зошто му била потребна оваа информација, дали дал 200 евра за оваа информација,

но и зошто го избришал статусот од социјалната мрежа „Фејсбук“.

До моментот на објавување, не добивме одговор на ниту едно прашање, јавува Макфакс.

Во медиумите и на социјалните мрежи, објавата на Стојанов беше протолкувана како 3аkk ана за полицаецот.

Имаше низа реакции во кои се бараше одговорност за барањето од Стојанов.

Од бугарска страна, тој доби поддршка под објавата.

Стојанов и е познат на македонската јавноста откако не му беше дозволено во Македонија да внесе т.н. „бугарски книги“.

Потоа, фондацијата со која раководи објави понуда со која дава по 30 евра на децата од Македонија за да учат бугарски јазик.

Во врска со случајот се огласи и Николовски:

Ние македонците сме гостопримлив народ.

Секој кој со добра мисла сака да ја посети нашата убава земја е добредојден.

Крива Паланка покажа што е патриотизам и како не се потклекнува на навредите и провокациите.

Горд сум на професионалноста на сите полициски службеници на граничниот премин Деве Баир и на мојот другар Дарко.

Ние сме пример за мултикултурализам, за европските но и цивилизациски вредности и идеали на македонскиот великан Гоце Делчев!

Related Articles