Се огласи Филипче и кажа за групирањето на повеќе од четири лица на јавен простор за кого нема да важи или ќе има исклучок

 Breaking News

Се огласи Филипче и кажа за групирањето на повеќе од четири лица на јавен простор за кого нема да важи или ќе има исклучок

Се огласи Филипче и кажа за групирањето на повеќе од четири лица на јавен простор за кого нема да важи или ќе има исклучок
November 11
18:59 2020

Владината мерка за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден и цела седмица, има одредени исклучоци и не важи:

За родители со деца од исто семејство;

При организирање настава на отворено, како дел од формалното образование во образовните институции и установи за згрижување на деца;

При чекање на постојка за превоз на патници;

При професионални спортски тренинзи и натпревари;

При организирање и одржување на службени собири (состаноци, работилници, обуки, конференции, седници и сл.), кои се неопходни за да се обезбеди континуирано работење на институциите, деловните субјекти и други организации;

При вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби како полиција, војска, противпожарна служба, обезбедување, здравство и слично;

За лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош во животно – загрозувачки состојби;

При пристапување на економски оператори во нивните капацитети, простории/објекти заради добивање услуга, чекање во ред пред оператор и слично, со одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5 до 2 метри при добивање на услугата;

За вршење на други активности кои се утврдени и се одвиваат со задолжително почитување на времените мерки, наредените мерки и наменските протоколи, планови и алгоритми – Напиша министерот Филипче на својата страница:

Related Articles