Се огласи Филипче: Го потпишав договорот за набавка на кинеската вакцина

February 08
19:19
2021
Денеска го потпишав договорот за набавка на кинеската вакцина од производителот „Синофарм“. – Пишува Филипче на фејсбук.

Обезбедуваме 200 илјади вакцини кои ќе стигнат во февруари, а точниот датум на испораката ќе биде утврден во следните денови.

Ја почитуваме одредбата од договорот за тајност, податоците остануваат доверливи.

Направивме детален план за процесот на вакцинација во три фази. Сите вакцини се безбедни и сигурни за граѓаните.

Со имунизацијата почнуваме овој месец. – Додава Филипче на својот статус на фејсбук.