Се огласи Филипче: Во последните 24 часа регистрирани се 101 нови случаи

Министерот Филипче ја објави статистиката за последните 24 часа: Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на коронавирусот.
Скопје 59 – Куманово 12 – Штип 7 – Прилеп 1 – Тетово 5 – Струга 6 – Велес 1 – Охрид 1 – Кавадарци 1 – Гостивар 3 – Кочани 3 – Пробиштип 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти. – Тетово 8 – Велес 2
Досега во земјата се направени вкупно 32161 тестирања на коронавирусот.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје.
Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.
Вкупната бројка на ко вид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2492, бројката на оздравени пациенти е 1605, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.