Се огласи Мијалков: Скоро нула се шансите ВМРО-ДПМНЕ да направи Влада

 Breaking News

Се огласи Мијалков: Скоро нула се шансите ВМРО-ДПМНЕ да направи Влада

Се огласи Мијалков: Скоро нула се шансите ВМРО-ДПМНЕ да направи Влада
July 22
11:59 2020

Има ли можност ВМРО ДПМНЕ да направи влада? – Прашува во Интервјуто со Сашо Мијалков, Плусинфо, каде тој одговара:

Според мене шансите се сведени скоро на нула, но тоа е последната сламка на спас за која што се држи ова раководство. За три години Христијан Мицкоски доживеа три тешки порази.

На претседателските избори падна од 535.000 гласови во 2014 година на 319.000 гласови лани.

На референдумот немаше став, но знаеме дека победи опцијата на власт и конечно потопот што се случи на15 јули.

Искрено се сомневам дека Левица ќе сака да му даде поддршка со оглед на тоа што во програмските определби на партијата е барањето да се забрани користење на името ВМРО и да се бара повлекување од НАТО и од ЕУ курсот, како и отповикување на признавањето на Косово.

Искрено се сомневам дека која било албанска партија ќе сака да влезе во авантура со Левица и Мицкоски.

Сметам дека е чесно да им се каже на членовите дека ова раководство и оваа политика на ВМРО ДПМНЕ е поразена и дека нема да дојде на власт.

Сепак не гледам зошто не би им се оставил уште еден краток временски простор за да се види дали ќе успеат и во најновото ветување дека и покрај поразот ќе успеат да состават влада.

Доколку не успеат во тоа, патот е јасен. Признавање на неспособноста, извинување за грешките и ослободување на партијата за демократизација и ново раководство.

ВМРО ДПМНЕ е бренд. ВМРО ДПМНЕ не смее да се навикне на порази и да се помири со тоа како што актуелното раководство се помирува. Целосното интервју прочитајте го на Плусинфо.

Related Articles