Се огласи Бетмен: Имала семејство!Амииии?Да, а?А шо, ние другиве на улица најдени сме?Штрк не донел или пак на мајмуни ви личиме?

 Breaking News

Се огласи Бетмен: Имала семејство!Амииии?Да, а?А шо, ние другиве на улица најдени сме?Штрк не донел или пак на мајмуни ви личиме?

Се огласи Бетмен: Имала семејство!Амииии?Да, а?А шо, ние другиве на улица најдени сме?Штрк не донел или пак на мајмуни ви личиме?
July 24
20:30 2019

Да се разбериме и да повториме по стотти пат за да запамтиме: немат жив човек на нашава планета кој со било шо заслужвит да поминит и 10 минути во кочината гвантанамо де шутка.

Просто, тоа не е место за луѓе и за поголем дел од животинскиот свет.

ААААРНО АМА аргументот дека “не барале мерки за обезбедуваље присуство за мадам Граф (по Штефи, де) пошто биле сигурни оти нема да бега зошто имала семејство” е – катастрофален во смисол на компарација на критериуми и на човечко ниво.

И не само тоа, туку на ачик исфрла нешто што ми личи на очаен! обид кога веќе “мораат да ја гонат” (не оти баш многу сакаат) барем експлозијата да биде контролирана и да ја уништи само терасата, а не цела куќа да ја урне.

Имала семејство! Амииии? Да, а? А шо, ние другиве на улица најдени сме? Штрк не донел или пак на мајмуни ви личиме?

Пошо ак ви личиме, кажите, на пописов да се озакониме, па Анима мунди бар ќе не бранит 🙂 Ние неаме мајки, жени, браќа, сестри, деца чии животи се уништиле со рекетарски обвиненија и монтирани процеси?

Миле го шетате најбезобразно и најнечовечки на релација дома-шутка-дома-шутка-дома-шутка, па денес и срце ќе оперират ко притвореник.

Еееј, срце. Операција. Немат три мали деца тој? Или сите сме еднакви пред законот само некои се поеднакви од другите?

Имале семејства и рекетираните. Имало и телефон кој го немаше, па се појави. Има, велат некои, и “документарец”.

Има и лажни искази. А има и заклетва, 3200 на месец и 4 милиони годишно за да работи по слово на закон, а не по спикерфон од, божемипрости, ребрендираниот хуманитарец могул и другарче на големци. И којзнае уште кој друг.

Иако…. се некако мислам дека удолницата е така јако фатена, како на Гармишпартенкирхен, па цел скок ќе го видиме, со слетување, со се, комплет.

…so help us God.

Related Articles