Се огласија од Левица: До кога Талат Џафери ќе бега од одговорност?

 Breaking News

Се огласија од Левица: До кога Талат Џафери ќе бега од одговорност?

Се огласија од Левица: До кога Талат Џафери ќе бега од одговорност?
May 14
16:33 2022

Од објавувањето на аудиоснимката на која се слуша Претседателот на Собранието, Талат Џафери, како им вика и со нај погрдни п цости ги малтр етира и ома оважува вработ ените во Собранието,

изминаа два дена, а Талат Џафери сѐ уште молчи надевајќи се дека настанот ќе се заборави за некој ден.

Остро го осудуваме ваквото однесување кон државните службеници и сметаме дека е недозволиво пратеникот Талат Џафери да продолжи на функцијата Претседател на Собранието,

којашто дополнително нашиот Устав ја третира и како Заменик претседател на Република Македонија.

Согласно Кодексот за ети чко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија од 11 јуни 2018 година и измените од 28 јануари 2019 година, најмалку што очекуваме е дека,

во најкраток временски рок, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието ќе изрече јавна опомена и сусп ензија на пратеникот Талат Џафери, како и забрана да претседава со Собранието во траење од еден месец.

Од приложената снимка, се гледа дека самиот Талат Џафери ја потврдува основаноста на настанатите тешки пов реди од членот 14 на Кодексот,

каде на вработ ените во Собранието им врши притисок за време на извршувањето на нивните работни задачи користејќи зборови и изрази со кои ги омалов ажува и го нав редува нивното достоинство. Пишуваат од Левица.

Related Articles