Се држиме: Со просечната плата во Македонија се купуваат 350 литри дизел – во Грција 650 литри

 Breaking News

Се држиме: Со просечната плата во Македонија се купуваат 350 литри дизел – во Грција 650 литри

Се држиме: Со просечната плата во Македонија се купуваат 350 литри дизел – во Грција 650 литри
March 07
23:44 2022

Првиот човек на регулаторната комисија, а вчера и Министерот за економија објавуваат графикони со кои покажуваат дека во моментов горивата во Македонија се меѓу најевтините во регионот, пишува Прес24.

Тие порачуваат дека и по поскапувањето денеска Македонија повторно ќе има најевтини горива во опкружувањето.

Сепак, треба да се има предвид дека земјава е и меѓу оние кои имаат најниска просечна плата во опкружувањето и поради тоа, со просечната плата во Македонија може да се купи значително помалку гориво отколку со просечните плати кај земјите од регионот.

На пример, според пресметките на Реглуаторна, најскапо гориво во регионот има Грција.

Сепак, со просечната плата кај јужниот сосед може да се купат над 650 литра горива додека со просечната плата во Македонија едвај над 350. ИзворПРЕС24.

Related Articles