Се ближи исплатата – познато како ќе се врши исплатата од скенираните фискални сметки
November 11
22:07
2019
Меѓу први и 15 декември треба да легнат првите пари на скенирачите на фискални сметки.
3,5 милиони евра е сумата која треба да легне на трансакциските сметки на граѓаните кои скенираат фискални сметки а според надлежните досега има над 175 илјади корисници на мерката Мој ДДВ.
После декемвриската исплата, потоа на секои три месеци ќе се исплатуваат наредните средства на трансакциските сметки од скенираните фискални.
Значи, во текот на февруари ќе има исплата за месеците октомври, ноември и декември, додека, пак, во април, на скенирачите на фискални сметки ќе им стигнат парите за месеците јануари, февруари и март.