Само овие граѓани ќе можат да вратат данок за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври

 Breaking News

Само овие граѓани ќе можат да вратат данок за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври

Само овие граѓани ќе можат да вратат данок за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври
September 27
14:27 2020

И на крајот, во овој пакет мерки ќе го спроведеме Викендот без ДДВ.

Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“, кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.

Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ. 

Почитувани граѓани на нашата земја,

Кога зборуваме за поддршка и помош за стопанството, односно компаниите погодени од кр изата, како и за поддршката на земјоделството и другите дејности, пред нас ги имаме вработените во тие дејности.

Нашите сограѓани кои секојдневно го вложуваат својот труд и на тој начин го помагаат не само развојот на компанијата, туку и економскиот развој на земјата.

Времето на кр иза е време на меѓусебна поддршка и грижа и насоченост на сите капацитети и на финансиските средства кон нашите граѓани.

Парите на граѓаните се за граѓаните.

Вредноста на 4-тиот пакет економски мерки изнесува 470 милиони евра и заедно со вкупната вредност на претходните три пакети од 550 милиони евра, тоа значи дека 1 милијарда и 20 милиони евра се насочени повторно кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација.

Како и досега, креирањето на мерките од овој пакет беше направено максимално транспарентно и во целосно инклузивен процес во кој учествуваа стопанските комори, синдикалните организации и организациите на работодавачи со цел да бидат опфатени максималниот број на граѓани засегнати од кр изата.

Несебична беше асистенцијата што дојде и од поединци, експерти во одделни области од социо-економската и финансиска сфера.

Владата нема да запре тука со посветеноста во постојано дефинирање нови идеи и нови мерки за граѓаните.

Најавувам дека веќе сме во процес на дефинирање нови интервенции за директна помош на различни целни групи во различни дејности.

Постојано правиме пресметки и во периодот којшто следува ќе имаме нови вести за економски мерки – ова е кризна економија и постојано ќе бидеме на готовс да помагаме на граѓаните.

Напоменувам дека остануваме будни и во однос на здравствениот аспект на кри зата.

Тој аспект, е всушност, најбитен и затоа треба да бидеме постојано внимателни и будни.

Благодарение на навремените и соодветни подготовки во здравствениот систем и на неговата поставеност наспроти панд емијата, успешно го менаџираме ударот на панд емијата.

Related Articles