Само кај нас: Да се поништи огласот за контролори за летање зашто положиле тие што не треба, јавува сдк

Членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, бидејќи од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, пренесува СДК.мк СДК.мк објави дека меѓу најдобрите 8, се и тројца момчиња Албанци, едни од највисокорангираните по поени и тестови. Особено едниот од нив, „згазил“ на тестирањето. Но, тие не се вистинските што требаше да влезат, изјавиле за порталот од Синдикатот на контролори на летање. Тестирањата и селекцијата ги правел тренинг центар од Данска. Но, откако меѓу тие што ги поминале строгите критериуми не се нашле имињата на „нашите“, особено дека најдобрите три Албанци „се ничии“, раководството на МНАВ се посомневал во компетентноста на Данците. Сега тричлениот одбор бара отчет од Данска зошто отпаднале другите кандидати. Целиот текст може да го прочитате на СДК.мк.