Посакувам само да сме тим кој сака и може да победува, вели Никола Попоски за Прес24

 Breaking News

Посакувам само да сме тим кој сака и може да победува, вели Никола Попоски за Прес24

Посакувам само да сме тим кој сака и може да победува, вели Никола Попоски за Прес24
September 01
20:00 2020

Никола Попоски, Поранешниот пратеник и министер за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, кој спротивно од заклучоците на партиските тела, по изборите напиша дека партијата е поразена и не е победник на изборите, во интервју за Прес24 зборува за причините поради кои е можно и во иднина како партија да бележи поразни, наместо победи.

Во интервју за Прес24 Попоски вели дека Проценка од 2017 беше дека против ваква власт, опозиција лесно ќе победува.

Од оние гласачи кои не ни дадоа доверба, повеќето мислам дека не ги убедивме дека можеме подобро на домашните теми.

Иако поврзуван со групацијата на Сашо Мијалоков, сепак Попоски смета дека иницијативата за вонреден Конгрес нема да даде резултат.

Реално не сум експерт, но од тоа што видов, статутот не дава самоиницијативност. Можеби е така токму за да може да се тера вака до 101 година и назад. И да си губиме.

Можеби токму такви финти ги иритираат добар дел од членовите. Можеби не е логично Конгрес, како врвен орган на партија, да е де факто врзан во трло.

Некој ќе рече, целта ги оправдува средствата. Можеби сум само кусоглед, но не гледам како тоа ќе не доведе на арно. Јас не сум доволно убеден дека е тоа во интерес на членовите и земјата, вели Никола Попоски во интервју за Прес24.

ПРЕС24: Вашиот последен коментар предизвика големо внимание во јавноста, но не помина долго за да одредени медиуми побараат позадина во него.

За почеток, дали Сашо Мијалков преку Никола Попоски прави обид за превземање на ВМРО-ДПМНЕ?

ПОПОСКИ: Не. Превземање е можно само за предмети. ВМРО-ДПМНЕ е идеал. Идеал не се превзема. Во идеал или веруваш, или не. Толку, вели Попоски за Прес24.

ПРЕС24: Голем број членови побараа вонреден конгрес на партијата. Кој е Вашиот став?

ПОПОСКИ: Реално не сум експерт, но од тоа што видов, статутот не дава самоиницијативност.

Можеби е така токму за да може да се тера вака до 101 година и назад. И да си губиме.

Можеби токму такви финти ги иритираат добар дел од членовите. Можеби не е логично Конгрес, како врвен орган на партија, да е де факто врзан во трло.

Некој ќе рече, целта ги оправдува средствата. Можеби сум само кусоглед, но не гледам како тоа ќе не доведе на арно. Јас не сум доволно убеден дека е тоа во интерес на членовите и земјата, вели Попоски за ПРес24.

ПРЕС24: Реално изминативе две-три години не бевте многу активен во јавноста.

Бевте дистанциран од новото раководство на партијата, или изборот беше Ваш да бидете дистанциран?

ПОПОСКИ: Можеби јас мислам првото. Можеби друг мисли второто. Не е толку битно.

Да исправаме криви Дрини ќе помага само на власта. Мислев и мислам дека ни треба прво обединителна визија.

Давав и давам предлози во партијата во таа насока. Без опседнатост дека мора да е така.

Во надеж дека навистина имаме капацитети сите заедно за многу подобро.

Посакувам само да сме тим кој сака и може да победува. Целото интервју прочитајте го на Прес24.

Related Articles