Портпаролот Арсовски со кратка изјава за Koxa, ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање ново парламентарно мнозинство

 Breaking News

Портпаролот Арсовски со кратка изјава за Koxa, ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање ново парламентарно мнозинство

Портпаролот Арсовски со кратка изјава за Koxa, ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање ново парламентарно мнозинство
August 06
06:35 2020

Дека со Лазар Еленовски се крчка нова Влада со ново парламентарно мнозинство, пишуваат веќе неколку албански медиуми.

Ниту потврда, ниту демант од ВМРО-ДПМНЕ по информациите во дел од медиумите на албански јазик кои известуваат дека актуелната опозиција постигнала договор со ДУИ за заедничка коалиција за формирање на новата влада.

Извори од партијата велат дека преговараат со сите освен со СДСМ.

Но, во овој момент сѐ уште нема информации кои би биле вредни да се објават во јавноста.

Партискиот портарол, Димче Арсовски за KOXA кратко изјави дека ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање ново парламентарно мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на ново парламентарно мнозинство.

Ние нема да ги коментираме информациите од непроверени извори, но ниту ќе ги демантираме , изјави Арсовски, коментирајќи ги објавите дека ВМРО-ДПМНЕ се согласи со Д УИ за функцијата премиер.

Претходно, порталите на албански јазик јавија дека во моментот единствена задача на опозицискиот лидер е да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев, да поддржи влада со премиер Албанец.

Related Articles