Петoк и пoнеделник неработни денови, 2 продолжени викенди пред нас

 Breaking News

Петoк и пoнеделник неработни денови, 2 продолжени викенди пред нас

Петoк и пoнеделник неработни денови, 2 продолжени викенди пред нас
July 29
12:00 2020

Овој петок што доаѓа, крајот на оваа недела, првиот ден на Kу pб ан Бајрам 31 јули (петок) е неработен ден за граѓаните од мусл иманската веро сповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

2 август, Денот на Републиката, оваа година паѓа во недела, па затоа се префрла неработниот ден во понеделник и со тоа добиваме продолжен викенд.

Овој месец ќе имаме уште еден продолжен викенд, бидејќи празникот Голема богородица паѓа во петок. Ова се неработните денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ:
2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден;

8 септември (вторник), Ден на независноста;

11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;

23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;

8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од православна вероисповед
28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

1 ноември (недела), Празникот на сите светци;

25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните од муслиманска вероисповед
31 јули (петок), Ку рбан Бајрам, првиот ден на Ку рбан Бајрам;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Related Articles