Падна одлука: Владата ќе набави 200.000 единечни дози вакцини за коронавирусот

 Breaking News

Падна одлука: Владата ќе набави 200.000 единечни дози вакцини за коронавирусот

Падна одлука: Владата ќе набави 200.000 единечни дози вакцини за коронавирусот
January 27
22:05 2021

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана ваk цина пpo тив KOB ИД-19.

Со заклучок на Владата Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за набавка на 200.000 единечни дози од СА РС-К оВ-2 инактивирана ваk цина пpo тив КOB ИД-19 согласно со член 55 став (1) точка г) од Законот за јавните набавки, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас.

Станува збор за нова набавка на дополнителни количини покрај оние од КОВ АКС механизмот од 833.000 дози на ваk цина за кои Министерството за здравство изврши уплата на авансот и ја обезбеди финансиската гаранција, со што ги исполни финансиските обврски што произлегуваа по основ на склучениот Договор.

Според најавите од КОB АКС механизмот првите количини од оваа набавка се очекува да бидат испорачани во првата половина на февруари.

Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за здравство е во завршна фаза од директните разговори со производителот „Фаj зep“ за набавка на уште 800.000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци од кои првите во февруари. Извор Влада.мк.

Related Articles