Од Будимпешта се огласи и Груевски, објави и видео спот со песна со која го честиташе роденденот на пapтијата

 Breaking News

June 17
21:33 2020

Никола Груевски денеска се огласи од Унгарија преку својата фејсбук страница каде што напиша:

На сите членови на ВМРО-ДПМНЕ им го честитам 30-тиот роденден на пapтијата која ги возобнови идеалите и стремежот на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација во една демократска рамка на современото време.

Време во кое македонската нација, Македонците и сите граѓани на Република Македонија и македонската дијаспора создадоа независна и суверена држава и соочувајќи се со многу предизвици, подеми и падови, макотрпно ја издигаа во нејзиниот развој, особено силно кога Македонија ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.

Честитки и почит кон основачите на пapтијата за нивната визија и храброст, но и кон сите кои подоцна со својот активизам и силна посветеност се вградија во развојот, изградбата, јакнењето и успесите на пapтијата и на нашата татковина Македонија, заради која постои ВМРО-ДПМНЕ.

Нека е вечно ВМРО! Нека е вечна ВМРО-ДПМНЕ! Нека е вечна Македонија!

Related Articles