Одиме нагоре: Нови 22 случаи на коронавирус во државава, ова се градовите

Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на коронавирус во земјава и тоа во следниве градови:
Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1. Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на коронавирус.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
– Скопје 8
– Прилеп 2
– Струга 2
– Велес 2
– Гостивар 1
– Кратово 1
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките.
Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.