Ова нема крај – Османи: Францускиот предлог е прифатлив за нас, ние не го одбивме во целост, бараме решение за протоколите

 Breaking News

Ова нема крај – Османи: Францускиот предлог е прифатлив за нас, ние не го одбивме во целост, бараме решение за протоколите

Ова нема крај – Османи: Францускиот предлог е прифатлив за нас, ние не го одбивме во целост, бараме решение за протоколите
June 25
19:51 2022

Бујар Османи. Министерот за надворешни работи вечерва во емисијата „10 Минути“ истакна дека се во постојана комуникација со Франција и Бугарија со цел да се дојде до еден предлог кој може да ги има во предвид сензитивностите.

Францускиот предлог, спорниот елемент, спорното прашање не го стави во документот како финално решение – го стави во заграда. Што значи дека тоа не е конечен предлог на француското претседателство, затоа не можам да кажам дека ние документот не го прифативме.

Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас“, вели Османи.

Тој додава дека е можно до крајот на јуни и да не се добие нов предлог.

Доколку се најде решение за ова спорно прашање со протоколите, останатиот дел од францускиот предлог е решение кое е прифатливо за нас“ – посочи Османи.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека се во постојана комуникација со Франција и со Бугарија со цел да се дојде до еден предлог кој може да ги има предвид сензитивностите, пренесе Плусинфо.

Но, исто така министерот признава дека е можно до крајот на јуни и воопшто да не добиеме нов предлог.

Ако не се усогласиме, односно ако една од страните не прифаќа, тогаш може да се случи и воопшто да не добиеме нов предлог до крајот на јуни годинава.

Ако ние се закотвиме на нашите позиции и кажеме дека не прифаќаме вакво решение,

а во исто време истото го сторат и Бугарите, тогаш едноставно се знае како ќе течат работите понатаму.

Ние сме во постојана комуникација со Франција и со Бугарија со цел да видиме како евентуално да се дојде до еден предлог којшто ќе ги има предвид сензитивностите.

Не може да имаме предлог којшто ќе ги има предвид само бугарските барања – рече Османи.

На прашањето какви чекори ќе преземе Македонија откако бугарското Собрание го изгласа прифаќањето на францускиот предлог со дополнение од четири нови услови,

и дадоа овластување на Владата во Софија да го крене ветото за усвојување на преговарачката рамка, и со тоа да ја одобри првата меѓувладина конференција за Северна Македонија со Европската Унија,

веднаш откако македонските власти ќе го потпишат билатералниот протокол, во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 одговори шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Омани истакна дека пакетот предвидува три документи – преговарачка рамка, заклучоци на Советот на ЕУ и протокол.

Според него, додека не се договорат сите прашања, позицијата на Македонија е дека нема договор за ништо.

Османи исто така посочи дека францускиот предлог не е одбиен, туку само оној дел кој е спорен за Македонија. „Францускиот предлог,

спорниот елемент, спорното прашање не го стави во документот како финално решение – го стави во заграда.

Што значи дека тоа не е конечен предлог на француското претседателство, затоа не можам да кажам дека ние документот не го прифативме.

Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас“, вели Османи.

Министерот смета дека на патот кон Европската Унија не треба во фокусот да бидат билатерално – историските прашања.

Ние сметаме дека не треба фокусот да се стави на тие билатерални – историски интерпретации во кои што ние сме влегле преку историската комисија, во еден сосема друг процес,

да бидат прашања кои што го одредуваат патот кон Европската Унија“, вели Османи.

Шефот на дипломатијата во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 откри дека најблиските соработници на францускиот претседател Емануел Макрон дошле во Скопје и Софија со цел да се изнајде решение.

Најблиските соработници на претседателот Макрон, во услови помеѓу два изборни циклуса, доаѓаа Скопје, Софија контактираа со нас на дневна основа.

Решивме голем дел од прашањата за рамката.

Остана едно единствено прашање во рамката кое не можеше да се усогласи, тоа е прашањето на протоколот во рамката“, вели Османи, пренесе ЦивилМедиа.

Related Articles