Неколку дена нема да функционира системот за пасоши, лични карти и дозволи, јавуваат од МВР

 Breaking News

Неколку дена нема да функционира системот за пасоши, лични карти и дозволи, јавуваат од МВР

Неколку дена нема да функционира системот за пасоши, лични карти и дозволи, јавуваат од МВР
June 22
08:03 2021

Поpaди миграција на нов систем од утре од 21 часот заклучно со недела до 21 часот нема да функционира системот за прием и издавање на лични документи, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за  личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот.  

Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во РЕДОВНА постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година.  

Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23. 06. 2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено издавање на истите, велат од МВР.

Related Articles