Луѓе не се малку: Неполни 1 милион македонци спаѓаат во pизична група, вели д-р Даниловски

 Breaking News

Луѓе не се малку: Неполни 1 милион македонци спаѓаат во pизична група, вели д-р Даниловски

Луѓе не се малку: Неполни 1 милион македонци спаѓаат во pизична група, вели д-р Даниловски
September 13
20:04 2020

Уште вчера проф. д-р Драган Даниловски кој беше гостин во дневникот на Сител тв, ги објасни неговите мислења за последните случувања со коронавирусот во земјава.

Во месец август, па и почетокот на септември, живееме во прилично мирни пандемиски услови. Ковид е во состојба на таканаречено плато, со вообичаени дневни бројки на позитивни и тестирани.

Процентот на позитивни од тестираните, изминатите дваесетина дена се движеше околу 7, за во последните 3-4 денови да се качи на 10, што е сепак подобро од месеците претходно, кога овој процент се движеше од 13 до 20 проценти на позитивни од тестираните, во месеците април и мај.

На прашањето од новинарот за актуелните дилеми во врска со почетокот на школската година, д-р Даниловски подвлече дека најголемиот ризик за ширење на Ковид е помеѓу децата од трето одделение нагоре. Ризикот е помал во градинките, рече Даниловски.

Јас не можам да го сфатам отсуството на емпатија кај младите луѓе, кои продолжуваат да се забавуваат како во нормални услови, без притоа да помислат дека дома имаат постари родители, баби и дедовци, кои можат да ги доведат во опасност.

Тоа се до некаде се должи и на домашното воспитување, но и на ниското ниво на образовниот систем кај нас, подвлече проф. д-р Драган Даниловски.

На новинарското прашање околу вакцината и проблемите на една од компаниите кои ја развиваат, како и привременото стопирање на процесот, Даниловски вели дека тоа е нормално при развој на една вакцина:

Тоа се случува и при таква несакана реакција, процесот мора да се стопира сè додека не се утврди, дали причината за проблемот кој се случил кај пациентот е навистина предизвикан како нус појава од вакцината.

Вакцината според мене, може најрано да се очекува кон средината на идната година, а во Македонија и подоцна, односно кон крајот на идната година, рече д-р Даниловски.

Професорот Даниловски во врска со прашањето за хронично болните, за кои е одлучено дека дел од нив треба да почнат да одат на работа, спомена фрапантни податоци за луѓе со хронични заболувања кај нас:

Ние во популацијата над 18 години имаме 12 проценти дијабетичари, тоа е околу двесте илјади луѓе, имаме околу 25 проценти со хипертензија, тоа се околу четиристотини илјади луѓе. Имаме со астма околу 100 илјади луѓе.

Имаме огромен број на луѓе со зголемена телесна тежина, поточно околу 60 проценти од популацијата над 18 години. И сега што треба да правиме. Дали треба да им речеме на сите овие луѓе да не одат да работат.

Секако не, ќе колабира стопанството. Поради тоа, мора да се прават компромиси, а на работа да не одат само оние за кои специјалист ќе утврди дека навистина не треба да одат на работа, рече проф. д-р Драган Даниловски во интервју за Сител тв.

Related Articles